Тиквешки гроздобер

Најголемата манифестација во Кавадарци
16.10.2023

Историја на Тиквешкиот гроздобер

Производството на грозје и вино во овој крај има длабоки корени. Античките Македонци и старите Римјани виновата лоза ја одгледувале со голема љубов и умешност, за што сведочат бројните археолошки артефакти (стели, рељефи, барељефи, мозаици и т.н.), пронајдени во овој крај.

Виното било пијалок на сите сталежи и на богатите и на сиромасите, служело како платежно средство а со него можел да се плати и данокот на државата. Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде се приготвувало најубавото вино.

Со доаѓањето на Турците Османлии и нивните освојувања во овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Куранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци. Денес Кавадарци со право може да се пофали дека е најголем производител на грозје и вино во Македонија и еден од најголемите на Балканот.

Организација

Првиот грозд на Тиквешкиот гроздобер на 7 септември 1964 година, го откинал Диме Галапчев, директор на АК „Тиквеш“. На Тиквешките гроздобери се организираа најразлични културни манифестации, гостуваа најпознатите интерпретатори на народни и забавни песни, актери, хумористи, спортисти. 

Кавадарци беше препознатливо и по мото трките во организација на АМД „Страшо Пинџур“ кои се бодуваа за Државното првенство на Југославија. 

На почетокот во првите 5 години од одржувањето редовен сегмент од гроздоберските свечености беше и одигрувањето на театарска претстава на античкиот театар во Стоби како уметнички спој на знтичките Дионисови денови со модерните гроздоберски празнувања.

 

 повеќе за Тиквешкиот Гроздобер

Галерија