Дали сте готови да ги трансформирате индустриите за патување, туризам и угостителство? Тогаш ова е Вашата шанса! Центарот за развој на Вардарски плански регион објавува повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот.
Рок за аплицирање: До 20 август 2023 година на следниот линк:
Форма за аплицирање за учество во старт-ап програмата Туристички иновации во Вардарскиот регион https://wkf.ms/44OD5Nz
Сакате да се приклучите на нашата старт-ап програма? Еве што треба да знаете:
Цел на Програмата:
Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство.
Што бараме:
Тимови со иновативни старт-ап идеи или решенија во фаза на прототип кои се фокусирани на туризмот, најмалку двајца, а најмногу пет членови.
Што нудиме:
Сите избрани тимови ќе имаат можност да се приклучат на старт-ап програмата “Туристички иновации во Вардарскиот регион”, организирана од Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамките на проектот “Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион” (INNO-ECOSYSTEM). Овој проект е кофинансиран од Европската унија и од националните фондови на земјите учеснички.
План на Програмата:
11-15 септември 2023 година: Тренинг обука за Design Thinking
21-23 септември 2023 година: 48-часовен Хакатон
Не чекајте, пријавете се сега и бидете дел од иновативната старт-ап сцена во областа на туризмот во Вардарскиот регион!
За повеќе информации и за аплицирање, посетете го нашиот веб-сајт: https://vardarregion.gov.mk