Вински музеј- Добредојдовте во светот на винската магија!
Со добро вино секоја приказна има среќен крај. Бојата и вкусот на кавадаречките вина претставуваат симбол на плодната македонска почва и тиквешкото сончево небо кои ја отсликуваат историската и духовната сила на кавадарчани кои инвестирале во своите лозја и вина со милениуми. Нема подобар начин да се запознаете со виното и историјата на Тиквешкиот регион од посетата на Винскиот Музеј кој се наоѓа на една прекрасна локација, во градскиот парк во Кавадарци.
Во Винскиот музеј е изложен богат музејски материјал од областа на етнологијата, историјата и археологијата во делот на винарството и лозарството кои се сведоштва на културниот развој на Тиквешкиот регион.
Ние го чуваме заветот на нашите предци и правиме спој на минатото и иднината, руралното и урбаното за да украдеме мал дел од бесмртноста на виновата лоза која е преточена во полно шише вино, кое ја буди страста за животот. Уживателите на вино имаат можност за дегустација на кавадаречки вина кои ќе ве привлечат да станете дел од светот на модерниот вински туризам. Препуштете ѝ се на страста за животот! Не прифаќајте ништо помалку од совршенство!
Винскиот Музеј има богата програма за празникот Св. Трифун затоа Вашата задолжителна дестинација нека биде Винскиот Музеј.