Винарската визба „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“ претставува бренд по кој град Кавадарци е познат како во регионот така и на светско ниво. Винаријата „Тиквеш“ започнува со производство  од 1885 година како прва винарија на Балканот која произведува вино од сопствени лозови насади. Со годините винаријата „Тиквеш“ прераснува во една од најголемите винарии во југоисточна Европа со вкупен капацитет од 35 милиони литри вино на годишно ниво.

Во почетокот на новиот милиниум винарската визба прави вистински бум во однос на производство и продажба на високо квалитетни вина, како на европскиот така и на светскиот пазар. Винарската визба „Тиквеш“ претставува спој на традицијата и модерното прозводство на вино со кое го промовира град Кавадарци како вински регион во светски рамки.

Самата винарска визба располага со неколку сали за дегустација и презентација на својот асортиман на вина, исто така во склоп на винаријата се наоѓа и ресторан кој едноставно воодушевува со својот амбиент, но и со перфектност во подготовката на специјалитети кои заедно со вината од винаријата „Тиквеш“ не оставаат никој да остане рамнодушен.

Телефон
ул. 8-ми Септември бр. 5, 1430 Kавадарци
Галерија