Велосипедско-пешачка патека

Велосипедско-пешачка патека

Велосипедско-пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште, која со доизградбата на кејот на реката Луда Мара го поврзува и самиот град со месноста Моклиште е долга 4 километри од Ваташа до Моклишка воденица.

Лоцирана е на двата брега на реката Луда Мара, покриена со бехатон коцки и широчина од 4 метри. На патеката има попатни станици-одморалишта (вкупно 5) кои што се целосно уредени и опремени со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. За поголема безбедност на граѓаните при рекреирање и спортување и во вечерните часови патеката е целосно осветлена.

Кеј на реката „Луда Мара“
Галерија