Темна пештера

Темна пештера

Темната пештера се наоѓа на 37 километри од Кавадарци каде се оди по асфалтен пат. Во близина на пештерата се наоѓа планинарски дом од кој пешки до пештерата се пристигнува за неполн час.

Од течението на Мрежичка река до пештерата води планинарска патека која на карпестиот дел има рампа и мостови. Влезот на пештерата е затворен со сите прописи и правила на Спелеолошката федерација на Македонија. Вратата е направена од железни профили и е наменета за функционирање на животинскиот свет (лилјаци).

Должината на пештерата за посетителите изнесува 120 метри, а општата ширина на ходниците се движи од 1-7 метри. Висината на ходниците изнесува 1-8 метри. Пештерата е полуактивна, тоа значи дека во првиот дел на пештерата сеуште не се оформуваат пештерски украси. Во вториот дел пештерата е активна, а тоа значи дека се оформуваат пештерски украси, односно ги има скоро сите. Во пештерата живеалишта имаат 2 колонии на лилјаци. По 120 метра пештерата е каллива, тесна и е наменета за стручни луѓе -спелеолози.

с. Мрежичко
Должина
0.10km
Тежина на пристап
Средно лесна
Галерија