Спортски комплекс Јасмин

Спортски комплекс Јасмин

Спортскиот комплекс Јасмин се состои од спортска сала, спортско игралиште, тениски игралишта кои зимно време се адаптира во лизгалиште и деловен простор.

Спортската сала Јасмин има капацитет од 1.800 гледачи. Во спортската сала се одржуваат спортски настани, најчесто кошаркарските натпревари на КК Фени, ракометни, карате и џудо натпревари.

Во склоп на спортскиот комплекс се наоѓа и атлетско игралиште кое е комплетно реновирано, осветлено и оградено, а исто така е збогатено е и со урбана опрема( справи за вежбање). На ова игралиште луѓето се релаксираат, тренираат и џогираат. 

Тениските терени кои се исто така во склоп на комплексот Јасмин се професинални игралишта со сите пропорции и со комплетна опрема  за натпреварувачите, но и за набљудувачите од страна. Терените се осветлени и во вечерните часови така што Кавадарчани можат во секое време да играат тенис. Исто така има и една покриена сала за тенис со осветлување и греење, што е реткост во Македонија. 

Исто така во овој комплекс се наоѓаат и терени со кошеви каде што граѓаните можат бесплатно да ги користат.

Од неодамна во зимскиот период го адаптира тениското игралиште во лизгалиште на површина од околу 500 метри квадратни. Лизгалиштето е предвидено да се користи во текот на зимската сезона , со намена за спорт и рекреација, пред се за најмладите.

Ул. 29 Ноември 5-Б, Кавадарци
Галерија