Спомен куќата на Страшо Пинџур за прв пат е отворена во 1958 година кога е прогласена за меморијален Спомен-музеј во кој е сместена историска поставка за животот и делото на народниот херој Страшо Пинџур.
Музејот се состои од два дела: битов дел- во кој се доловува внатрешниот амбиент на куќата во која живеело семејството Пинџур и документарен дел- изложба за запознавање на посетителите со најважите моменти од животот и револуционерната дејност на Страшо Пинџур.
Овој споменик на културата е збогатен со документи, фотографии и други материјали кои откриваат моменти од животот на народниот херој и е заштитен како споменик на културата. Куќата на Страшо Пинџур е посетена од голем број на граѓани и туристи.
ул. Боро Ваташки, Ваташа