Спомен костурница

Спомен костурница

Спомен костурницата во градскиот парк ,,Љупчо Шкартов” во општина Кавадарци е споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци од Кавадарци во периодот од 1941-1945 година. Таа е дело на архитектот Петар Муличковски и е откриена на 7 септември 1976 година.

Костурницата претставува стилизирана македонска куќа која продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во костурницата се наоѓаат мермерни плочи на кои се испишани 308 имиња на борците. Објектот се наоѓа на 305 метри надморска височина и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и Тиквешијата. Заедно со градскиот парк и винскиот музеј кој исто така се наоѓа во паркот, овој монумент вреди да се посети.

Градски Парк „Љупчо Шкартов“
Галерија