Семејна Винарија Клинчаров

Семејна Винарија Клинчаров

Семејната винарија “Клинчаров” ги исполнува сите неопходни услови за производство на квалитетно вино и ракија.

Фамилијата Клинчаров има традиција на винопроизводители постара од 100 години.

Тие се едни од најстарите фамилии кои произведуваат вино и ракија во град Кавадарци и Тиквешкиот регион.

Семејниот насад на виновата лоза е лоциран во с. Ресава, кое според експертите е совршено место за одгледување на виновата лоза и правење на најквалитетните вина и ракија.

Располага со  вкупна површина од 1,2 хектари лозов насад, со годишен принос од 15 тони на грозје и со годишно производство  на околу 3 тони вино и 1 тон на ракија.

Од белите сорти на вина застапени се Темјаниката, Р.Ризлинг и Мускатот.

Од црвените сорти на вина, Вранецот и Станушината.

Во Семејната Винарија “Клинчаров” ќе ги најдете сите артефакти и алати кои служеле за обработка на виновата лоза и правење вина и ракии, кои се употребувале од страна на семејството со децении наназад.

Телефон
Пионерска бр. 1, Кавадарци
Галерија