Рудник Алшар

Рудник Алшар

Алшар е антички рудник лоциран на 300 метри од селото Мајден, во длабочината на Кожуф планина и е единственото  наоѓалиште во кое за прв пат е откриен талиумовиот минерал лорандит во далечната 1894 година. Во рудникот, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандидот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник.

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османлиското Царство до денес. Името Алшар е акроним од презимињата на едни од првите евидентирани странски сопственици на рудникот – французите Алатини и инжинерот кој работел за нив Шарито кои го експлоатирале рудникот од 1913 до 1923 година. Рудникот има осум влезови, од кои два минуваат низ ходниците што се протегаат до 6 километри и имаат патеки со кобалт –камен.

Лорандитот, е уникатен минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до еколошки чиста енергија.Од 2004 година Алшар е прогласен за споменик на природата и е дел од мрежата на ,,Емералд”- мрежа за заштита на природни реткости. Во непосредното подрачје околу рудникот има геотермални води, полни со бели минерали што ги користат мештаните за миење и чистење. Посетете ја оваа туристичка дестинација и истражете ја недопрената природа на Кожуф планина.

с. Мајден
Галерија