Ресторан „Сино“

Ресторан „Сино“

Ресторан Сино се наоѓа во просториите на автобуската станица на град Кавадарци до Кам маркет. 

Ресторанот на едно место ги спојува врвната гастрономија придружена со пијалоци од автентично поднебје, топлата гостопримливост, долгогодишното искуство во угостителската дејност и амбиент создаден да уживате во секој момент каде и да се наоѓате во ресторанот. Со услужливиот персонал можете да уживате во просторот со сите ваши сетила.

Готвачите во ресторан Сино се врвни во својот занаети за гостите подготвуваат храна со посебни вкусови. Но нашите готвачи не создаваат само јадења, туку и приказна од мириси, зачини и внимателно одбрани состојки кои ги исполнуваат гастрономските желби на најприбирливите. Услужливиот персонал е спремен престојот во ресторан Сино да го претворат во беспрекорно уживање и ќе ве натера да зборувате за гостопримливоста и пријатниот амбиент кој нема да ве остави рамнодушни.

Во ресторанот има простор во кој секој може да си го одбере своето омилено место, да ја пронајде својата индивидуалност додека ужива во широката понуда на храна и пијалоци. Токму овие работи го прават ресторанот омилено место за домашни и странски гости.

Работно време
08:00 – 01:00
Охридска 1, Кавадарци
Галерија