Пицерија Спанџа

Пицерија Спанџа

Пицерија Спанџа е место во градот кое своето реноме го гради повеќе од дваесет години. Секој град има свој препознатлив бренд кога станува збор за пита или пица . Доколку сакате да го вкусите Италјанскиот бренд на Кавадаречки начин пицерија Спанџа е вистинското место каде можете да го задоволите вашиот апетит кога станува збор за овој вид на јадења.

Традицијата на оваа пицерија оставила белег кај неколку генерации како од град Кавадарци така и од пошироко, односно кој еднаш ги пробал нивните специјалитети не останал рамнодушен да не ги вкуси повторно, но исто така и да не раскаже за нивната приказна.

Работно време
09:00-00:00
бул. Македонија, Кавадарци
Галерија