Пештерна црква Св. Лазар

Пештерна црква ,,Свети Лазар” -  Бегниште

Средновековните пештерни цркви и манастири во Кавадаречко претставуваат богата културна, духовна и просветителска ризница. Тие се единствени од овој вид на територијата на Кавадаречко – сведоци на верскиот, социјално-економскиот и уметничкиот живот на нашиот народ во средновековниот период.

Пештерната црква посветена на Свети Лазар наречена уште Сопишка црква се наоѓа на околу 5 км југозападно од селото Бегниште над самиот брег од Црна Река. Лоцирана е во карпест и сув и прилично стрмен предел на околу 30 метри височина од нивото на Тиквешкото Езеро се наоѓаат остатоци од оваа пештерска црква.

Денес до пештерата се пристигнува по земјен пат, што води од селото Бегниште и по водите на Тиквешкото Езеро. Се смета дека е изградена и живописана во 14 век. Денес остатоците од црквата Св.Лазар немо сведочат за бурното средновековие, сегашност и иднина. Знаејќи го нејзиното значење, претставува атрактивен туристички објект што се поврзува во црквата Св. Ѓорѓи – Полошки манастир, лоцирана неколку километри на спротивната страна на Тиквешкото езеро.

с. Бегниште
Галерија