Пештерна црква Св. Никола

Пештерна црква ,,Св. Никола” –Драдња

Пештерната црква посветена на Св.Никола, позната како Маркова црква, се наоѓа на околу 1,5 км југозападно од селото Драдња, во стрмен и карпест предел, во сува пештера со длабочина од околу 20 метри, а висока околу 9 метри која личи на готичка катедрала.

Влезот во природната пештера е сместен на вертикална карпа високо издигната на околу 12 метри над теренот, до која се стигнува само со планинарско искачување. По својата архитектонска концепција таа е еднокорабна, ѕидана од камен со различни големини, делумно клесани.

Марковната пештерна црква претставува значаен придонес за историјата на анахоретското сликарство од средновековниот период, потврда за монашкиот живот во долината на Црна Река.

с. Драдња
Галерија