Пекара Здравје

Пекара Здравје

Уште пред неколку години развивајќи ја идејата за Пекара Здравје, целта ни беше да создадеме уникатно место создадено за уживање, каде ќе се служат највкусни пецива, кифли, банички, крофни, ладни сендвичи, слатки, но и место каде ќе има најразлични врсти на кафе за носење Цврсто веруваме дека постои она што се нарекува совршен оброк, со совршено одбрани зрна жито, направени со љубов и создадени за нашите ценети купувачи.

Целта ни е да го донесеме духот на Starbucks во Кавадарци. Кавадарци заслужува вакво место кое веруваме дека ќе стане омилената дестинација за пауза на сите генерации, и млади, ученици и средношколци, и родители, и баби и дедовци, и административци и дуќанџии, и работници, и сите останати наши сограѓани кои сакаат да уживаат во пријатниот простор, а да консумираат квалитетна храна по цени прифатливи за сите.

Пекара Здравје се наоѓа на улица Илинденска, веднаш до Street Bar. Пекара Здравје 2 се наоѓа на градскиот плоштад, веднаш до Sity Art. Пекара Здравје е вкусот кој го посакувам!

Телефон
Работно време
04:00 - 23:00
Илинденска 115, Кавадарци
Галерија