Музеј на мирис и вкус

Музеј на мирис и вкус

Музејот на мирис и вкус е единствен од ваков тип во регионот. Во него посетителите имаат можност преку 500 етнографски поставки да се запознаат со минатото на градот и регионот, подготовката на храна, вино и ракија.

Музејот е поделен во неколку делови во кои е претставена постапката за подготовка на храната во Тиквешијата, од неолитот, преку античкиот и византискиот период, сè до времето на османлиското владеење, кога и подготовката на лебот и погачите имале посебно значење. Во музејот се поставени предмети од неолитот, античкиот период и средниот век како што се орудија, алати за обработка и производство на традиционална тиквешка храна.

Посебен белег на музејот дава подрумскиот дел каде што се сместени експонати од првата винарница на семејството Велкови од 1875 година. Во склоп на музејот се наоѓа спомен собата на Васил Хаџиманов и спомен соба на Никола Бадев кои се истакнати фолкористи од Кавадарци. Ова е соба во која се сместени многу лични предмети на етномузикологот Васил Хаџиманов.

Музејот на мирис и вкус претставува објект во кој се собрани минатото и традицијата на град Кавадарци. Куќата на мирисот и вкусот има за цел грижа културата и едукација на посетителите и запознавање со културните вредности и гастрономијата во градот.

Ул. 7-ми Септември бр. 57, Кавадарци
Галерија