Музеј Галерија Кавадарци

Музеј Галерија Кавадарци

Музеј Галеријата во Кавадарци почнува со работа на 07.05.1976 г. Сместен е на површина од 340 м2 и дворно место од 263 м2. Во состав на Музејот работат 4 одделенија:

  • Историско
  • Археолошко
  • Етнолошко
  • Оддел за заштита на спомениците на културата

Музејот поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата,историјата на уметноста и современата македонска уметност.

Историскиот оддел располага со 150 историски предмети, колекција од 4.000 фотографии и негативи, 500 слајдови, 1000 каширани фотографии, 3000 страници документи, 2000 страници мемоарски материјал, скромна библиотека со 400 историски наслови и останата литература.

Одделот за археологија располага со над 200 предмет ахеолошки материјал. Овој материјал датира од различен временски период, пронајден на територијата на Општина Кавадарци и се разврстува како камената пластика ( архитектонски елементи, бази, капитали, столбови, надгробни плочи, керамичен материјал, нумизматичен материјал, гробни прилози и метален накит.

Етнолошкиот дел располага со вкупно 130 предмети од дрво, текстил и метал.
Во сопственост на галеријата се наоѓаат 105 уметнички слики и скулптури на истакнати македонски автори и автори од поранешна Југославија.
Тежиштето на активностите на Заводот-Музеј е насочен кон:

  • Истражувачки работи и набавка на музејски материјал
  • Стручно- музеолошка обработка
  • Заштита на материјалот и културно- историски споменици.
  • Културно- образовна и воспитна дејност
     
Телефон
Работно време
08:00 – 16:00
ул.„7-ми Септември“ 56, Кавадарци
Галерија