Моклишко езеро

Моклишко езеро

Моклишкото езеро е урниско езеро во Тиквешијата кое е сместено во близина на месноста Моклиште 3км јужно од приградската населба Ваташа на Кавадарци. Настанато е по природен пат со свлекување на огромни количини земја од ридот.

Езерото е едно од најмладите хидрографски објекти во Европа и единствен пример за урниско езеро, настанато со уривање на една од долинските страни на Ваташка Река. Во непосредна близина се наоѓа браната која е со димензии 30-50 метри височина, а круната на браната изнесува 400 метри.
 

Во месноста Моклиште, Кавадарци
Галерија