Моклишка Воденица

Моклишка Воденица

Секое село во Тиквешијата во чија непосредна близина имало река за потребите на населението имало по една, две, па и повеќе воденици. Така во Ваташа во атарот на селото имало четири воденици, а во неговата околина за преработка на житните култури и афионот работеле уште седум воденици.

Моклишката воденица е изградена во почетокот на дваесетите години од XX век, на местото на постара воденица, а за потребите на манастирот Св.Никола Моклишки. Воденицата е последната преостаната градба од ваков тип во горното течение на реката Луда Мара.

Во 70-те години од минатиот век е реконструирана за потребите на армијата во склоп на Територијалната одбрана. Само на овој дел од реката во почетокот на XX век од с. Моклиште до Кавадарци имало 12 воденици. Некои од нив имале и динк со кого во текот на сезоната освен жито мелеле и афион и сусам од кои правеле шарлаган (зејтин). За својата работа воденичарите земале ,,уем”- надоместок, кој изнесувал од 15 до 20% од сомеленото жито.

Во месноста Моклиште, Кавадарци