Кеј на реката Луда Мара

Кеј на реката Луда Мара

Проектот за “Реконструкција на регулирано речно корито на река Луда Мара, со партерно и урбано уредување”, се реализира во соработка со Вардарскиот плански регион. Урбанизираниот кеј е во должина од три километри и се протега од ул. „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај булеварот „Видое Смилевски“ на север. Kејот претставува вистинско место за уживање, и е едно од омилените места за рекрерање на граѓаните.

Кеј на реката „Луда Мара“
Галерија