Хотел Михајлово

Хотел Михајлово

Сместено во пазувите на преубавата Кожуф планина, Детското одморалиште „Михајлово“ од ова лето повторно се врати на туристичката мапа, и тоа не само како детско одморалиште кое ќе го врати митот за незаборавните лета на генерации деца кои се будеа под јарболот со македонското знаме, туку и како хотелски капацитет отворен за сите патници, намерници и вљубеници во планинскиот туризам.

Лоцирано на 40 километри од Кавадарци  со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од 1200 метри, опколено со стара борова шума, „Михајлово“ ќе Ви понуди прекрасен престој во целосно реновирани и хотелски адаптирани соби, вкусни оброци подготвени на традиционален начин во со ХАСАП стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, услови за планински велосипедизам…

За време на летниот период, „Михајлово“ повторно ќе биде омилената дестинација за сите деца кои сакаат да поминат еден поинаков одмор. Нудејќи им посебна програма, исполнета со многу спортски, културни и забавни содржини, „Михајлово“ е дефинитвно вистинскиот избор за одмор полн со спомени кои вечно се паметат

Паркинг месно : има бесплатно
Паркинг за инвалиди : има беспалтен
Број на апартмани :10
Број на соби :20
Место за седење (внатре) :60
Место за седене (надвор): 50
Картички : Виза ,Мастер
Јазици : Англиски
Домашни Миленици : со претходен договор.
Музика : Амбиенталненална.

Телефон
Конопиште
Галерија