Галишката Пештера

Галишка Пештера

Галишката Пештера претставува една од најубавите пештери во Македонија која се наоѓа во близина на селото Галиште, односно околу 2,5км југозападно од него и на околу 2 км северно од местото каде Галишка Река се влева во Тиквешкото Езеро.

Оваа пештера долго време се држела во тајност за да не ја уништат авантуристи и диви копачи на злато. На покана на клуб Орле од Кавадарци во пештерата дошло друштво од Ница, Франција кои констатирале дека пештерата била стара околу 5 милиони години.

Пештерата е со должина од околу 120 метри, а влезот има должина од 15 метри. Богата е со сталагмити и сталактити, а истата настанала од силни порои. Во минатото во неа имало две езера, а едното од нив денеска е пресушено. Биле забележани лилјаци и еден многу редок вид ледена мравка.

Во пештерата температурата е константна преку целата година од 8 до 15 ºС. Внатрешноста на пештерата е накитена со сталактити, сталагмити, лепези, хелиотипи, столбови и други пештерски украси. Галишката пештера е прогласена за една од најубавите во Македонија поради уникатноста на топчестите форми на сталагмити и сталактити, како и по т.н. пештерски бисер кој се формира во каскадите кои исто така се карактеристика на Галишката пештера.

с. Галиште
Надморска височина
432m nmv
Должина
0.10km
Тежина на пристап
Многу тешка
Опис на пристап
Лоцирана вертикално 10 м под земја, самиот влез на пештерата морате да го поминете ползејќи. После овој теснец влегувате во подземјето каде природата е едноставно создала уметничко дело од сталагмити и сталактити.
Галерија