Црква Успение Пресвета Богородица

Успение на Пресвета Богородица с. Ваташа

Ваташката црква Успение на Пресвета Богородица се наоѓа во самото средиште на приградската населба Ваташа, сместена на главната улица, од десната страна на патот во насока кон Моклиште.

Како духовен центар на Тиквешијата селото Ваташа неколку века по опшустошувањето на нивната стара црква, немале своја духовна институција. Во градењето на новата црката биле ангажирани околу 80 мајстори, а со доброволна работа биле вклучени скоро сите христијански семејства. Во 1917 година црквата била изградена и осветена. Црквата е солидно градена и во неа е употребен материјал, кој најчесто им бил на дофат на селаните, а тоа е речниот камен од Луда Мара. Црквата е изградена во форма на трикорабна базилика, од кои страничните кораби се со рамна дрвена таваница, а средниот кораб е со четири средни калоти, од кои двете во средина се поголеми и живописани.

Фрескоживописот во ваташката црква го има изработено тајфата на зографот Крсте Зограф од Велес во текот на 1818 година, а иконостасот во плитка резба од 1818 година е изработен од до сега непознат автор. Најголемиот дел од иконите во црквата се од првата половина на 19 век, односно од 1819-1828 година. Ваташката црква Успение на Пресвета Богородица поседува богат црковен инвентар каде што се среќаваат и неколку постари икони, за кои се претпоставува дека се донесени од Моклишкиот манастир Св. Никола.

с. Ваташа
Галерија