Црква Успение Богородично

Црква Успение Богородично во с. Дабниште

Црквата е лоцирана на сред село во Дабниште и е подигната и живописана во 13 век. Црквата има облик на еднокорабна градба со тремови од западната и јужната страна. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.

Од стариот живопис сочувани се фрагменти со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно претставен е по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во  19 век.

Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури. Во црквата се евидентирани 28 икони и книжниот фонд во црквата се состои од осум книги.

с. Дабниште
Галерија