Црквата се наоѓа северо- западно од селото на едно ниско возвишение и е посветена на Воскресението Христово или народно речно Св. Спас. Црквата е изградена и зографисана во 1625 година, според делумно сочуван натпис кој е испишан на јужниот ѕид.
Црквата е изградена во форма на еднокорабна базилика, со убава декорација од тули и блокови од бигор. Црквата имала и затворен трем од западната и јужната страна, но денес истиот е срушен.
Циклусот од сцени во црквата кои ги илустрираат големите празници се зографисани во наосот и олтарот. Иконостасот на црквата е од поново време со иконите Св. Теодор, Св. Илија и Исус Христос.
с. Праведник