Црква Св. Петка во Кавадарци

Црква Св. Петка во Кавадарци

Црквата e започната со изградба на 8 август 2010 година кога бил удрен камен-темелник на денот на празникот Св.Петка- заштитничката на Кавадарци.

Градена е во традиционален византиски стил, од рачно клесан камен, а архитектурата, фрескоживописот и иконостасот се дело на најдобрите современи црковни уметници, во целост запазувајќи ја средновековната македонска црковна традиција која е најубавиот архитектонски и уметнички период. Во секое најмало делче во црквата е вложено многу љубов, внимание, време, средства и знаење.

Покрај црквата на нејзината југозападна страна е поставена камбанарија со придружен објект, помошни црковни простории. Целиот комплекс на црквата е со површина од 9000 м², а две третини од површината се покриени со зеленило кое претставува вистински одмор за очите.

бул. Цветан Димов, Кавадарци
Галерија