Во текот на 16 век во близина на средновековната кула во Кавадарци имало мала параклисна црква која кон крајот на 17 век била опљачкана од разбојничката банда Кара – Паша Дебарски и била разрушена.
Долго време христијанското население во Кавадарци немало свој верски објект каде би можело да ги извршува своите верски обичаи. Според натписот во црквата истата била изградена во 1834 година, а според одредени сознанија истата била осветена на Митровден истата година. Во прво време црквата делувала многу скромно а денес во црквата се евидентирани 111 икони.
ул. 29-ти Ноември, Кавадарци