Црква Св. Архангел Михаил

Црква Св. Михаил Архангел

На сред село во Ресава се наоѓала големата и убавата црква Св. Димитрија изградена во 14 век . Иконостасот во црквата бил изработен во резба во дрво, но покасно бил позлатен со златна боја. Се претпоставува дека и селото го добило името по иконостасот “ресан“ со злато.

По турските освојувања на овие простори оваа црква била запалена и разурната. Изградбата на новата црква Св. Михаил Архангел започнала во 1837 година, а довршена е 1840 година. Ова стои во натписот на амвонот на црквата. Живописувањето на црквата е извршено четириесетина години подоцна, или 1881 година. Архитектонскиот облик на црквата е трикорабен со припрата и внатрешноста на црквата е целосно живописана и покриена со фрескоживопис.

Во црквата денес се евидентирани 48 икони од 19 век, а црквата располага и со значителен број на црковни книги.

с. Ресава
Галерија