Арамиска пештера

Арамиска пештера

Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на Каменичка Река, десна притока на Црна Река. Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата егзистира пештерско езеро со должина од 12 метри и просечна широчина од 2 метри. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 метри.

Пештерата е релативно богата со украси и тоа: саливи, сталактити и сталагмити. Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 метар. Пристапот до неа е средно-тежок, влезот е тежок и е наменет за стручни лица- спелеолози. Вкупната должина на пештерата од двата крака е 140 метри. Во левиот крак од пештерата се наоѓа човечки костур којшто датира одамна. Десниот крак има пропаст од 10 метра, а на крајот на пропаста се наоѓа пештерското езеро.Според  категоризацијата на пештерите во Македонија, Арамиската Пештера спаѓа во категоријата на значајни пештери

Каменичка река, десна притока на Црна река,
Надморска височина
670m nmv
Должина
0.20km
Тежина на пристап
Средно тешка
Опис на пристап
Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на Бојанчишка Река која е десна притока на Каменичка Река . Пештерскиот влез е на околу 25 m западно од коритото на реката затскриен со карпести блокови обраснати со мовови, односно на стрмнина обрасната со деградирана вегетација .
Галерија