Масакрот во Ваташа е крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште.
Во спомен на настанот, изградена е спомен костурница на стреланите младинци од Ваташа, која е откриена на 11 октомври 1961 година.
“Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината“ - овие зборови се напишани на споменикот во спомен меморијалниот парк на стреланите ваташки младинци.
Зборовите се неми сведоци на еден крвав злочин. Во спомен паркот на 12-те младинци се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци, а за настанот е испеана народна песна “Ми заплакало селото Ваташа“
с. Ваташа