На само 5 км од град Кавадарци, поминувајќи низ село Ваташа и приказната за 12 загинати деца, на преминот во рамнината од котлината, под Витачево, под мирисот на природата на Кожув планина, во центарот на градењето на историјата на Тиквешкиот регион денес а и многу одамна, познато под месноста Моклиште, како пупка од гроздова лоза никнува еден од најтоплите и најсовремените ресторани во Тиквешкиот регион и воопшто во Македонија.
Ресторан Моклиште е со капацитет од 200 гости, а истиот работи и како мотел со 6 соби, и два апартмана со вкупно 20 легла. Како една од најголема атракција која на самиот објект му дава посебна душа е отворената кујна, видлива за секој посетител, од која проникнува традиционална македонска храна сервирана на модерен начин.
Ресторан со прекрасна храна каде ќе се чувствувате беспрекорно и ќе уживате во еден од најсовремените ресторани во тиквешкиот регион со извонреден квалитет и место кое ќе ви остави трајни спомени. Во ресторанот се служи традиционална и интернационална храна.
Моклиште е мотел со неверојатен амбиент каде што ќе можете да поминете незаборавно и да уживате во прекрасните погледи кои ги нуди овој ресторан.