

Семејната винарија “Јаковлевски” е совршено место каде можете да уживате со чаша квалитетно домашно вино. Винаријата произведува вино на традиционален начин и располага со капацитет од 10.000 литри. Прекрасно место за оние кои сакаат да ги пробаат македонските автохтони сорти вина: Вранец, Станушина, Белан, Темјаника и други. Винарија Јаковлевски ќе ви овозможи да ги цените повеќе домашните вина од Тиквешкиот регион и да уживате во еден од трите пакети на дегустација кои ги нуди.
Пакет 1: 10 Евра- дегустација на минимум 3 вина
Пакет 2: 15 Евра – дегустација на минимум 3 вина со македонска традиционална храна
Пакет 3: 20 Евра – дегустација на минимум 3 вина, богата македонска традиционална храна и гратис вино од винаријата.
Има капацитет за прием на максимум 15 гости.