Скејт парк

Скејт парк

Во Кавадарци е изграден скејт парк за екстремни спортови со седум елементи со цел  воведување на нов спорт во градот како и подобрување на туристичката понуда каде дневно циркулираат околу 100 корисници. Ова е еден адреналински спорт кој придонесува за психофизичкиот развој на најмладите.

Скејт паркот е дел од комплексот на спортскиот центар Јасмин во Кавадарци. Скејт паркот има површина од  770  квадратни метри, изградено од бетонско плато со финална обработка до мазен сјај.

Елементите се: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2). Од реквизитите исто така има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile), како и пропратна опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци. Паркот е осветлен со рефлектори кои овозможуваат скејт паркот да се користи и во вечерни часови.

Спортски центар - Јасмин
Галерија