Една од најзначајните цркви во кавадаречко, бисер на средновековната уметност кај нас и надвор од нашата држава е Св. Ѓорѓи – Полошки манастир. Полошкиот манастир се наоѓа на 15 км југо-западно од Кавадарци, на падините на планината Вишешница.
Денес до манастирот се доаѓа само по воден пат. За да стигнете до ова прекрасно место кое изобилува со душевна топлина и спокојство потребно е да го поминете Тиквешкото езеро и по 12 километри возење со чамец на средината од езерото пред вас се појавува восхитувачкиот манастир.
Според досегашните истражувања историјата на манастирот започнува кон крајот на четвртата деценија на 14 век, а со поголеми зафати обновен е во 1609 и во 1881 година. Посетеноста на манастирот е најголема за време на патрониот празник, на Ѓурѓовден и при празнувањето на манастирскиот празник посветен на Успение на Пресвета Богородица. Манастирот „Свети Ѓорѓи“ или помеѓу народот попознат како Полошки манастир претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во државата и несомнено е бисер на Македонската средновековна уметност