Библиотека Феткин

Библиотека Феткин

Градската библиотека ,,Феткин” е основана на 16 мај 1945 година. Во библиотеката функционираат два оддела: за возрасни и оддел за деца. Библиотеката располага со над 100 000 библиотечни единици и читална со 60 седишта.

Во библиотеката се одржуваат голем број на културно-забавни манифестации. Примарна и основна цел на библиотеката е негување на читателските навики кај најмладите, популаризација на книжевниот фонд како и следење на издавачката продукција. Библиотеката како информативен центар нуди широка понуда на услуги за своите корисници од различна интелектуална, образовна, социјална и возрасна структура.

Библиотека ,,Феткин” e мултикултурен граѓански информативен центар кој служи на знаењето, мудроста, уметноста, образованието, читањето, пишувањето и сеќавањето.

Телефон
Работно време
07:30 - 19:00
7-ми Септември, бр.1 Кавадарци
Галерија