Зелен Извор се наоѓа во атарот на селото Драгожел, во долината на река Каменица. До изворот се доаѓа по тесна патека кон запад од правец на селото Горниково. По патеката се симнува до реката Каменица која се преминува, а потоа по патеката која се искачува се продолжува по левата страна на долината кон селото Драгожел.
Од село Горниково по планинарска патека за час и половина се стигнува до оваа пештера. Во непосредна близина се наоѓа истоимениот извор. Изворот е сместен во густа шума под вертикалните карпи во поткапина со димензии на отворот 2×3 метри.
Изворот претставува длабок кладенец од кој постојано прелива вода, а проѕирноста на водата е најмалку 3 метри. Водата од Зелен Извор како постојан водотек тече околу 20 метри, а потоа се влива во реката. Местото е атрактивно за посета на туристи.