Арамиската Пештера се наоѓа од левата долинска страна на Каменичка Река, десна притока на Црна Река. Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата егзистира пештерско езеро со должина од 12 метри и просечна широчина од 2 метри. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 метри.
Пештерата е релативно богата со украси и тоа: саливи, сталактити и сталагмити. Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 метар. Пристапот до неа е средно-тежок, влезот е тежок и е наменет за стручни лица- спелеолози. Вкупната должина на пештерата од двата крака е 140 метри. Во левиот крак од пештерата се наоѓа човечки костур којшто датира одамна. Десниот крак има пропаст од 10 метра, а на крајот на пропаста се наоѓа пештерското езеро.Според категоризацијата на пештерите во Македонија, Арамиската Пештера спаѓа во категоријата на значајни пештери