Црква Св. Богородица

Црква Св. Богородица во с. Дреново

Црквата Св. Богородица е подигната за време на владеењето на цар Душан со овој дел на Македонија и по својата архитектонска градба ги надминува сите останати цркви во целиот тиквешки крај. Таа и ден денес е предизвик за голем број научни работници.

Подигната е на јужниот дел од селото Дреново, од каде се простира широка панорама према реката Црна и античкиот град Стоби. Црквата била живописана и декорирана од зографот Димитрие во 1356 година. Од изгледот и внатрешноста на црквата може да се види дека тоа е трикорабна куполна црква со крстобразна основа. Фрескоживописот во црквата за жал е целиот уништен, а останати се само мали фрагменти.

При една од обновите на црквата во 19 век, се извршило покривање на црквата со камени плочи и потоа била поново осветена.

с. Дреново
Галерија