Во близина на центарот на градот се наоѓа Паркот на револуцијата кој датира од крајот на 50-тите години од 20 век (1958/9година) кој во 2020 година беше целосно реконструиран. Во паркот има прекрасна вегетацијата, засадени се нови дрвја и нискостеблести растенија кои се прекрасно место за уживање за љубителите на природата.
Под сенките на големите дрвја се поставени клупи за одмор и релаксација, а повторно е ставена во функција прекрасната фонтана. Во склоп на Паркот на револуцијата се наоѓа алеата на борците од НОБ каде се поставени бистите на значајни херои од Кавадарци и Тиквешијата.
Несомнено Паркот на револуцијата е еден од најубавите делови на општина Кавадарци и омилено место за дружење и релаксација на кавадарчани.
Градски Парк „Љупчо Шкартов“